Јагањац: Пред неколку месеци мислев дека е крај!

Некогашниот голем талент на Хрватска, Халил Јагањац, претпазливо се обидува да му се врати на ракометот и на репрезентацијата во која се приклучи во 2017 година, кога имаше само 19 години.

Некогашниот член на Металург овој месец се врати на ракометните терени откако паузираше речиси две години. Како што е познато, Јагањац е играч на Келце, позајмен во Рајн Некар Левен, со кој има договор до 2025 година.

26-годишниот Хрват во разговор за „Спортске Јутарњи“ изјави дека пред неколку месеци мислел дека е неговиот крај со ракометот.

,,Помина една година откако се обидов да се вратам, но не успеав и искрено пред шест месеци мислев дека е крајот, дека едноставно повеќе нема да можам да играм. Но, работев и успеав и многу сум среќен поради тоа”, изјави Јагањац.

Во 2023 тој се врати накратко на терените, дури одигра неколку меча само во одбраната, но одново го повреди рамото и мораше на нова операција.