Ja позајмија својата нова ѕвезда на два меча – и добија 20.000 евра!

Новата романска ѕвезда, Даниел Станчиук, по квалификациските натпревари за пласман на ЕП 2026, замина на позајмица во Катар.

Според „Про Спорт“, членот на Динамо Букурешт, кој играше и против младинците на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, од 14 до 27 мај ќе игра за Ал Араби во Катар.

Покрај тоа што Станчиук ќе заработи поголема сума на пари, и неговиот клуб Динамо Букурешт заработи 20.000 евра од оваа позајмица, а бекот ќе настапи само на два натпревари.

Станчиук беше прогласен за МВП на двата меча на Романија против Полска и Израел од квалификаците за ЕП 2026 и и помогна на својата репрезентација да се пласира на континенталниот собир.