Капитенот на Македонија, Никола Митревски, со 13 одбрани беше најзаслужен за триумфот на Порто над Загреб со 27-25.
Македонскиот репрезентативен голман блескаше на голот на португалскиот првак и со своите одбрани ја креваше целата сала на нозе.
Особена атрактивна беше одбраната на зицерот на некогашното лево крило на Вардар, Тимур Дибиров, кој беше најдобар стрелец на „плинарите“.
Загреб со овој пораз ја пропушти втората меч топка за осминафиналето во ЛШ, па ќе се надева дека Порто и Митревски и во последното коло ќе слават против Висла Плоцк.
Погледнете ја атрактивната одбрана на Митревски…
𝗬𝗼𝘂’𝗿𝗲 𝘂𝗻𝗯𝗲𝗹𝗶𝗲𝘃𝗮𝗯𝗹𝗲 😱
Que momento do Nikola Mitrevski🤩💙#FCPortoAndebol #FCPortoSports pic.twitter.com/S2XeX5fG6B
— FC Porto (@FCPorto) February 26, 2023