Во претпоследниот натпревар во рамките од Ц Групата, Јапонија со победата против Ангола со резултат 30:29 се пласираше во следната фаза каде пренесува и еден бод од дуелот против Хрватска од 1. коло.
Ангола имаше почетно водство од 0-2 во првите три минути од натпреварот. Неизвесноста на резултатот продолжи до 10. минута кога Ангола повторно го врати водството преку Адилсон Манеко за 6:7. Голманот на Јапонија, Ивашита Јута имаше неколку одлични интервенции во моментите кога неговите соиграчи имаа минус еден во 16 минута, 10:11.
Прецизните шутеви продолжија до 25 минута како и играта гол за гол. Во последните пет минути со двете технички грешки од страна на Ангола, репрезентативците на Јапонија заминаа на полувреме со четири голови разлика, 16:12.
Вториот дел помина во неизвесна и драматична атмосфера. Големата разлика во квалитет репрезентативците на Јапонија ја искористија во последните пет минути од натпреварот. Ангола намали на три разлика, 20:17 во 39 минута, но Јапонците преку Тацуки го одржуваа водството од четири до пет разлика. Џокерот во второто полувреме кај Ангола, Марио Тати беше единствен расположен за игра и главен „виновник“ за неизвесноста. Во 53. минута репрезентативците на Ангола намалија на 27:27, а потоа имаа и водство преку Јарослав Агилар за 27-28.
Во последните три минути и двете репрезентации имаа неколку грешки, а Јапонија, сепак, со своето искуство обезбеди историска победа и пласман каде првпат ќе настапува во втората фаза на едно Светско првенство.
По трите порази во Ц групата својата првата победа Ангола ќе ја бара во Президент купот.