Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија се одржа ждрепката за елиминациското коло во женскиот Куп на Македонија.
Во оваа сезона наместо групна фаза, ќе се игра на елиминации, потоа четвртфинале и Ф4. Согласно пласманот, Чаир и Ѓорче Петров го скокаат елиминациското коло и ќе се вклучат во четвртфиналето.
Петте останати екипи од Супер женската лига и седум екипи од Првата женска лига, ќе играат меѓусебе, а победниците од шесте пара ќе обезбедат место во четвртфиналето.
Интересно би требало да биде на дуелите меѓу Пелистер и Стружанка, односно Овче Поле СУ и Деспина, но и на пресметката меѓу Астибо и Атлетик.
Победниците од овие двобои ќе обезбедат четвртфиналната фаза, а екипите пред ждрепката ќе бидат поделени во два шешири согласно пласманот.
Елиминациското коло во Купот ќе се игра претстојниот викенд, додека четвртфиналето ќе се игра во некоја од наредните среди до почетокот на април.
Куп на Македонија, жени, ждрепка елиминации:
Пелистер – Стружанка
Астибо – Атлетик
Овче Поле СУ – Деспина
Вардар – Ѓорче Петров 2
Јехона – Спартак
Куманово – Шампион

























