Светското првенство за младинки ќе се одржи од 24 јуни до 5 јули 2026 година во Кина, а денеска беа извлечени групите.
На шампионатот ќе учествуваат 32 репрезентации, поделени во осум групи, а најдобрите две од секоја група ќе обезбедат пласман во главната фаза.
Актуелниот светски шампион Франција ќе настапи во групата А, каде ќе игра против Египет, Шведска и Индија. Европскиот шампион Германија е во групата Ц, заедно со Романија, Бразил и Канада.
Домаќинот Кина го избра местото во групата Е, каде ќе се соочи со Данска, Гвинеја и победникот од Интерконтиненталниот трофеј на ИХФ.
Интересно ќе биде и во групата Ф, каде дури три европски селекции, Црна Гора, Чешка и Исланд ќе се борат за пласман заедно со САД.
Натпреварите ќе се играат во четири сали во градот Џинжонг. Форматот останува непроменет, по групната фаза, двете најдобри селекции од секоја група одат во главната рунда, а потоа следуваат елиминациите до финалето.



























