Откако најстрашното помина и кадетите на Македонија го обезбедија пласманот на младинското ЕП 2026 година, односно опстанокот во елитната конкуренција, сега без притисок може да се посветат на завршните две борби во Црна Гора.
Следува разигрувањето за пласман од 17 до 20 место на континенталниот собир, а прв ривал е селекцијата на Израел.
Израелците во групата загубија со еден гол од Швајцарија, 30-29, потоа беа поразени од Унгарија со 34-28 и од Шведска со 34-27, но севкупно не оставија лош впечаток. Потоа во разигрувањето за пласман, ги победија Црна Гора со 33-29 и Романија со 34-31, а загубија само од Полска со минимални 38-37.
Натпреварот меѓу Македонија и Израел ќе се игра во салата „Морача“ со почеток во 19:30 часот.
Ако победиме, одиме утре на дуел со победникот од двобојот меѓу Полска и Грција во битка за 17 место, ако загуби, ќе играме со поразениот од истиот натпревар за 19 место на ЕП.
Против која од двете селекции да играме утре, ќе имаме шанса за реванш, бидејќи загубивме и од Полска и од Грција.