Европската ракометна федерација го одби барањето на израелската федерација следните домашни натпревари во било која конкуренција да ги игра на домашен терен во Тел Авив.
Иако големиот број на европски авио компании ги обновија своите летови до израелската метропола и иако ситуацијата таму е сега мирна, ЕХФ се уште не сака да ризикува.
Во одговорот на ЕХФ кон Израел се вели дека „ситуацијата е многу комплицирана и бара внимателно следење на сите можни аспекти“.
Тоа значи дека машката репрезентација на Израел, која е предводена од Давид Писонеро, ќе го игра дуелот со Романија во српскиот град Краљево на 13 март од 21:00 часот.
За следните два меча против Полска и Португалија во мај, ќе се бара дополнително решение, но Израелците се надеваат дека ЕХФ ќе дозволи тие да бидат одиграни во Тел Авив, а многу веројатно ќе бидат клучни околу пласманот на ЕП 2026.