Селекторот на Хрватска, Горан Перковац, го одреди конечниот список на ракометари што ќе бидат дел од Европското првенство во Германија.
Тој ќе носи 19 ракометари на ЕП, а на списокот кој претрпе многу измени поради повреди, го нема десниот бек Лука Степанчиќ.
Иако членот на ПИК Сегед се врати на терен по повредата и игра во солидна форма, сепак за него немаше место на списокот.
Поради повреди отпаднаа Давид Мандиќ, Јосип Шарац и Доминик Кузмановиќ, од претходно беше повреден Павловиќ, а камбек има за Марко Мамиќ, кој тренираше од стартот со репрезентацијата.
Дополнителен повик доби голманот на Кадетен Шафхаузен, Кристијан Пилиповиќ, а Иван Мартиновиќ, Тин Лучин и Игор Карачиќ не беа во строј неколку дена, но ќе бидат подготвени за ЕП.
Хрватска стартува на ЕП со дуел против еден од фаворитите Шпанија, а во групата се уште Романија и Австрија.