Францускиот голман Самир Беласен (29) изненади многумина со објавата дека веднаш се повлекува од националниот тим на „триколорите“.
Европскиот шампион од 2024 година својата одлука ја објасни како внимателно донесена, условена од лични и семејни причини.
По две сезони во Бундес лигата (Кил и Штутгарт), Беласен оваа година се пресели во Динамо Букурешт, каде што, како што вели, конечно пронашол рамнотежа и животен ритам што му одговара.
Последниот голем настап со Франција му беше на СП 2025, кога поради повреда мораше да ја напушти конкуренцијата уште во групната фаза – пресвртна точка што го натерала да ја преиспита репрезентативната кариера.
„Многу размислував летово. Пристигнувањето во Букурешт го зацврсти изборот – пронајдов стабилност, слична на таа во Данкерк, каде што играв најдобро. Одлуката е внимателно донесена, а за мене тоа е вистинскиот чекор, иако уживав во овие две години со Франција,“ изјави Беласен за официјалниот сајт на федерацијата.
Голманот им се заблагодари на соиграчите и стручниот штаб, истакнувајќи го разговорот со селекторот Гијом Жил како клучен пред да ја соопшти одлуката.
Иако ќе продолжи со клупската кариера во Романија, Беласен избра да се повлече од репрезентативните обврски за да го зачува личниот баланс и благосостојба.
Со неговото повлекување, во францускиот национален тим се отвора простор за Валентин Кифер од Шамбери да се наметне покрај Реми Дебоне и Шарл Болцингер од Монпелје.