ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО СУПЕРЛИГАTA – ОДБРАНБЕН РАКОМЕТАР

Традиционално на крајот на сезона во Суперлигата, 24Ракомет го избира идеалниот тим на сезоната, давајќи им признанија на оние што се одвојуваа на позицијата на која настапуваат.

Ова е шеста (6) сезона по ред како редакцијата на 24Ракомет ги избира ALL STAR тимот, што е веќе традиција, како единствен и независен избор на најдобрите ракометари, и во машка и во женска конкуренција. Покрај за идеалната седморка, ќе се гласа и за најдобар тренер, млад играч и најдобар дефанзивец.

Во изборот ќе учествуваат: публиката преку гласањето што го огранизираме, македонските новинари кои следат ракомет од сите медиумски формати во земјава, заедно со редакцијата на 24Ракомет. Збирот од гласањето на сите три фактори (публиката, новинари и редакцијата на 24Ракомет) ќе ги даде победниците во секоја категорија.

Редакцијата на 24Ракомет ви овозможи и Вие, нашите читатели, да бидете дел од изборот и да гласате за најдобрите ракометари во сезоната. Ќе ги претставиме сите кандидати, со цел полесно да се решите за кого да го дадете вашиот глас.

ГЛАСАЊЕТО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНО ДО 12 ЧАСОТ ДО ЧЕТВРТОК, 30 МАЈ 2024

Номинирани се по петмина играчи на секоја позиција од кои ќе биде избран најдобриот.

Читателите ќе гласаат за еден од петмината понудени кандидати. При крајното гласање предвид ќе се земат сите добиени гласови. На крајот резултатите ќе се сумираат по принципот 5, 4, 3, 2, 1, а потоа вкупниот број на гласови по категории се претвора во поени – од 5 (најдобар) до 1 (петтопласиран).

Истото ќе биде и при гласањето на новинарите и на редакцијата 24Ракомет. Се гласа за петтемина понудени ракометари по приципот 5, 4, 3, 2, 1. На крај се направи вкупен збир од трите сегменти (публика/новинари/24Ракомет, при што се добива севкупниот победник за секоја позиција).

Најдобар одбранбен ракометар на сезоната:

Денис Василев (Еурофарм Пелистер) – Русинот втора година по ред игра голема улога во одбраната на актуелниот македонски шампион.

Томче Стојановски (Бутел Скопје) – Младиот ракометар покажа дека добро се снаоѓа во одбраната, редовно е меѓу најдобрите дефанзивци во Супер лигата.

Михаил Аларов (Вардар) – Секоја дадена задача и во напад и во одбрана максимално ја одработи и со него одбраната на „црвено-црните“ делува многу поцврство.

Никола Маркоски (Алкалоид) – За искусниот репрезентативец не треба многу да се потенцира за неговата игра до два правци, посебно во одбраната.

Милорад Кукоски (Охрид) – Важи за столб на одбраната во тимот на Стевче Алушовски, на секој натпревар не остава многу простор за противничките играчи.

За најдобар одбранбен ракометар на сезона 2023/24 можете да гласате на линкот во продолжение…

ИЗБЕРЕТЕ ГО ИДЕАЛНИОТ ТИМ НА СЕЗОНАТА 2023/2024 – МАЖИ (АНКЕТА)