Ракометарите на Преспа ја забележаа првата победа во новата сезона од прволигашката конкуренција откако славеа против Шампион со 32-26.
Во првиот дел се играше израмнето, на паузата беше 15-14, а домашните го скршија отпорот на Шампион кон средината на второто полувреме.
Беше 22-21, Преспа погоди четири пати по ред и ги казни сите гостински грешки за 25-21 и до крајот немаше дилеми околу победникот.
Предводници на Преспа кон првиот триумф беа Драган Ивановски со девет гола и Христијан Антоновски со седум погодоци, а Ненад Богоевски беше стрелец на седум за Шампион.
Во следното коло Преспа ќе му гостува на Аеродром, додека Шампион е слободен.