Иваноски продолжува во одлична форма – беше најдобар стрелец против Динамо Панчево

Македонскиот интернационалец Михаил Иваноски одново беше најдобар стрелец во тимот на Дубочица Лесковац.

Тимот на Иваноски загуби на тешкото гостување кај Динамо Панчево со 32-30 во 10 коло од српскиот шампионат.

Иако губеше во текот на мечот и со седум гола во неколку наврати, сепак тимот од Лесковац по заслуга на Иваноски успеа финишот да го направи интересен, но не и да направи комплетен пресврт.

Македонскиот десен бек постигна шест погодоци, а подели и две асистенции, и заедно со Павловиќ и Ристовиќ беа најефикасни во гостинскиот тим.

Дубочица остана на шестото место со девет бода, односно на границата која води во плеј-офот.