Тимот на Дубочица Лесковац, каде што игра македонскиот интернационалец Михаил Иваноски, загуби дома во српскиот шампионат.
Динамо Панчево триумфираше со 37-33, но мораше добро да се испоти за да дојде до бодовите на теренот во Лесковац.
Македонскиот десен бек беше втор стрелец во домашниот тим и успеа седум пати да ја затресе противничката мрежа.
Сепак и покрај поразот, Иваноски и Дубочица ќе играат во плеј-офот, а таму ќе стартуваат од петтото место без разлика на исходот од последниот меч од регуларниот дел.