Иваноски пак најдобар, Дубочица освои важен бод во битката за плеј-оф

Тимот на Дубочица Лесковац каде што игра македонскиот интернационалец Михаил Иваноски, освои важен бод во битката за плеј-оф во српскиот шампионат.

Дубочица предводена од Иваноски одигра нерешено на гостувањето кај Врање, 26-26 откако и на полувремето беше реми, 13-13.

Иваноски како и досега во сезона беше сигурен пеналџија и успеа да реализира шест удари од седум метри од шест обиди.

Дубочица е скоро сигурна во четвртфиналето на плеј-офот и има 20 бодови на петтото место, а следен предизвик за Иваноски и неговиот тим ќе биде пресметката со Партизан.