Македонскиот интернационалец Михаил Иваноски продолжува со одличните партии во дресот на српскиот суперлигаш Дубочица.
Клубот на Иваноски на свој терен запиша важна победа против Црвена Ѕвезда, триумфираше со 29:25, а на полувреме клубот од Белград имаше предност од 15:13.
Иваноски беше најефикасен во својот тим, натпреварот го заврши речиси без грешка, имаше седум погодоци од осум обиди.
Македонецот освен како најдобар стрелец, се истакна и како најдобар асистент, имаше четири асистенции кон своите соиграчи.
Дубочица со освоената победа значително ги зголеми шансите за пласман во четвртфиналето од српскиот шампионат.