Иваноски најдобар стрелец, Ајдовшчина на Стојановиќ ја продолжува битката за елита

Тимот на Ајдовшчина, каде што тренер е Раде Стојановиќ, а таму игра Михаил Иваноски, запиша втор триумф во четвртфиналето од плеј-оф серијата за пласман во најдобрата словенечка лига.

По гостинската победа од пет гола, Ајдовшчина на домашен терен славеше со 32-31 против Сович што беше доволно за пласман во полуфиналето на плеј-офот.

Македонскиот десен бек Иваноски заедно со Тио Маловиќ, кој е позајмен од Целје, беа најдобрите стрелци во тимот на Стојановиќ со по шест погодоци.

Следен ривал на тимот на Стојановиќ и Иваноски во разигрувањето за пласман еден ранг погоре ќе биде составот на