Екипата на Дубочица, во која настапува Михаил Иваноски, на гостувањето во Белград кај Црвена Ѕвезда освои важни бодови.
Иваноски и соиграчите успеаја да триумфираат со четири гола разлика, 30:26, во натпревар од 5. коло од српскиот шампионат.
Македонецот повторно беше шутерски расположен, натпреварот го заврши со четири погодоци од пет обиди.
Дубочица по пет одиграни натпревари се наоѓа на 6. позиција на табелата, има пет бодови, исто колку што имаат и Црвена Ѕвезда и Југовиќ, додека првите три водечки екипи се Раднички, Војводина и Партизан.
Следен предизвик за клубот на Иваноски ќе биде натпреварот против Врање, тим во кој настапува Даниел Андоновски.