Тимот на Дубочица Лесковац, каде што игра македонскиот интернационалец Михаил Иваноски, запиша нова победа во српскиот шампионат.
Дубочица на домашен терен предводена од десниот бек успеа да слави убедливо над Рудар Костолац со 35-25.
Иваноски на овој натпревар беше втор стрелец во победничкиот тим и постигна седум погодоци од десет обиди во противничката мрежа.
Дубочица Лесковац сега има 22 бода на петтото место, што е доволно за четвртфиналето на плеј-офот на две кола до крајот на регуларниот дел.
Следен предизвик за Иваноски и Дубочица е домашниот дуел со Динамо Панчево.