Македонскиот интернационалец Михаил Иваноски продолжува со одличните партии во српскиот шампионат.
Неговата Дубочица Лесковац славеше со голем пресврт во последните шест минути од мечот против Југовиќ со 34-33.
Иако Југовиќ водеше со 33-31, погоди Иваноски за минус еден, потоа уште два пати реализираа неговите колеги за голема победа на незгодното гостување.
Македонскиот десен бек вкупно имаше шест реализации од осум обиди и беше меѓу најдобрите во победничкиот тим.
Дубочица Лесковац и Иваноски ја завршија есенската полусезона на петтото место со 13 бодови, место кое води во плеј-офот.