Тимот на Дубочица Лесковац, каде игра македонскиот десен бек Михаил Иваноски, ја забележа првата победа во српскиот шампионат.
Во Лесковац на домашен терен, Дубочица славеше против составот на Југовиќ Каќ со 35-30, а во текот на мечот имаше и осум гола предност.
Иваноски беше меѓу најдобрите во победничкиот состав и успеа да постигне четири погодоци од седум обиди.
За охриѓанецот ова е втор настап за новиот клуб, кој му е прв во странство, откако претходно настапуваше за Охрид, Голден Арт, како и за „сино-белите“ од Автокоманда.
Ова е прв триумф за Дубочица, откако претходно загуби кај Раднички Крагујевац.