Иванковиќ: Направивме добра анализа и тактика, но не чека тежок натпревар во Атина

Тимот на Охрид го очекува првиот натпревар од четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп против грчкиот Олимпијакос.

Левиот бек Анте Иванковиќ смета дека мечот во Атина ќе биде тежок, бидејќи грчкиот состав има неколку големи имиња во составот.

„Не очекува тежок натпревар во Атина против Олимпијакос. Олимпијакос има многу добар тим, со големи имиња во својот состав. Имавме десетина дена да се подготвиме за овој натпревар, направивме многу добра анализа и тактика и сум сигурен дека секој од нас ќе биде мотивиран и подготвен за дуелот кој ќе ни открие многу за реваншот во Билјанини извори“, изјави Иванковиќ.

Првиот меч меѓу Охрид и Олимпијакос се игра во Атитна на 29 март од 16:00 часот, додека реваншот е на програмата на 4 април од 18:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“.