Иванковиќ: Ги казнивме сите грешки на Динамо Панчево

Ракометарите на Охрид денеска ќе се борат за трофејот на меморијалниот турнир „Вук Рогановиќ“ во Белград.

Охриѓани во полуфиналето беа подобри од Динамо Панчево со 27-20, а средниот бек Анте Иванковиќ го коментираше тој меч.

„Одигравме многу добар натпревар особено во одбраната, му помогнавме многу на голманот, не дозволивме лесни шутеви, туку тоа беа шутеви од пасивен напад каде што ривалот не можеше веќе да напаѓач од умор. Тука ја искористивме нашата свежина, трчавме добро во полуконтра и ги казнувавме сите грешки“, изјави Иванковиќ.

Денеска Охрид во финалето од 17:00 часот ќе се соочи со словенечкиот Тримо Требње.