Ивана Гакидова со нов предизвик – се сели во Полска!

Македонската репрезентативка Ивана Гакидова ќе има нов предизвик во кариерата наредната сезона и ќе игра во Полска.

Таа потпиша договор со полскиот тим Кобержице, каде друштво ќе и прави уште една Македонка – Зорица Десподовска.

Гакидова минатата сезона ја мина во романската Слатина, а од септември исто така ќе биде дел од силен шампионат и ќе игра и на европска сцена.

Македонската репрезентативка ја започна кариерата во школата на Кастратовиќ, а на домашна сцена ги носеше дресовите на Металург и Вардар.

На меѓународна сцена настапуваше за турската Анталија, норвешкиот Молден, француските Стразбург и Стела Сен Маур, чешкиот Бањик Мост и српската Наиса Ниш.