Македонската репрезентативка Ивана Џатевска игра во одлична форма пред Европското првенство во Унгарија, Австрија и Швајцарија.
Нејзиниот тим Сомбатељ на домашен терен го совлада незгодниот МТК Будимпешта со убедливи 32-24.
Кружниот напаѓач од Македонија беше меѓу најдобрите стрелци во победничкиот тим и успеа да погоди четири пати од пет обиди.
Следен предизвик за Џатевска и Сомбатељ ќе биде домашниот натпревар против Вац претстојниот викенд.