Ивана Арсениевска со нов предизвик – се сели во Полска

Македонската репрезентативка Ивана Арсениевска во новата сезона ќе има нов предизвик на интернационална сцена.

Дресот на романската Униреа Слобозиа, Арсениевска ќе го замени со полскиот тим Кошалин, кој и посака добредојде на Македонката.

Арсениевска во Полска ќе го има третото интернационално искуство, откако претходно настапуваше во Израел и Романија.

Средниот бек кратко настапуваше за Бени Херцлија, а сезонава имаше одлични партии во Униреа Слобозиа.