Македонската репрезентативка Ивана Арсениевска го имаше своето деби за новиот клуб во полскиот шампионат.
Арсениевска ги одигра првите два меча на кој нејзиниот тим играше со фаворитите за висок пласман во Полска.
На првата средба, Кошалин на гостински терен загуби од Заглебје Лубин со 39-26, а во втората рунда беше поразен од Лублин со 43-20.
Македонскиот среден бек на вториот меч успеа да постигне еден погодок. Во следното коло Кошалин ќе гостува кај Кобержице, што ќе биде македонски двобој меѓу Арсениевска на едната страна, како и Десподовска и Гакидова од другата страна.