Иван Слишковиќ верен на Олимпијакос

Некогашниот хрватски репрезентативец Иван Слишковиќ и наредната сезона ќе биде дел од грчкиот првак Олимпијакос.

Тимот од Пиреја ја заврши сезоната триумфално со победа над АЕК, а Слишковиќ повторно беше еден од клучните играчи на патот до шампионската титула.

Хрватскиот ас пристигна во Атина во 2023 година од германски Штутгарт и веднаш се наметна како еден од носителите на играта. Со своите 33 години, Слишковиќ е вистински лидер на теренот, со огромно меѓународно искуство зад себе.

Неговиот подем на ракометната сцена беше метеорски до 2016 година, играјќи за Нексе, Целје Пивоварна Лашко и унгарски Веспрем. Тогаш, неговата кариера беше забавена поради здравствени проблеми – инфекција со мононуклеоза, која остави трага и го одведе на поинаков пат од очекуваниот.

Сепак, левиот бек не се откажа. Играше и за Порто, како и за германскиот Гепинген, пред повторно да се врати во врвна форма токму во Грција, каде сега е еден од најважните адути на Олимпијакос и ќе има значајна улога и во новата сезона.