Вардар ги почна подготовките, во комплетен состав, со нов стручен штаб на чело со Иван Чупиќ. Хрватт кој играше во Скопје и беше дел од шампионскиот тим во Келн, двапати, сега седнува на клупата. Но, кога дошол во Скопје, наместо во трнерската канцеларија прво се упатил во соблекувалната кој ја делел со соиграчите
„ Прво отидов во соблекувалната да се присетам на сите убави радости во „Јане Сандански“, таа соблекувална има многу убави спомени и среќни моменти. Се надевам и сега ќе биде така, вели Чупиќ.
Тој смета дека Вардар го има она што е потребно за добар резултат.
„Бев во време на Самсоненко, па и после. Многу работи се подобрени. Имаме се, и квалитет и играчи, за да имаме успеси. Зависи се од нас и од нашата работа.
Чупиќ откри и кој ќе биде во неговиот стручен штаб сезонава.
„Прв сорабoтник е Томислав Чупиќ, мојот брат која ја разбира мојата визија за ракометот. Многу зборуваме за таа нова визија која сакаме да им ја пренесеме на ракометарите. Земав човек кој од прв ден знае што сакам. Втор соработник е Марио Келентриќ, кој 12 години работи како тренер на голмани, во Германија, знаеме што значи и со неговото знаење и искуство ќе имаме добри голмани. Кондициски тренер е Матеј Јовановски кој работел во одбојка и кошарка. Тој има разбирање дека и ракометните тренинзи мора да се модернизираат, да се менува. Направив стручен штаб од кој многу очекувам. Ја сум главен тренер, но ќе зависи и до нив. Не сакам помошници туку соработници, смета Чупиќ
Погледнете ја целата изјава на Иван Чупиќ.
View this post on Instagram