Машката репрезентација на Македонија денеска ќе игра против Романија во последниот дуел од групната фаза на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Низ историјата Македонија и Романија играле еден тон пријателски натпревари, најмногу на романско тло, но официјални досега се одиграни само шест.
Секој победувал на домашен терен, но победите на Македонија секогаш биле изразени со повисока разлика.
Македонија со триумф на денешната средба сигурно ќе биде трета, а тоа значи еден бараж за СП 2027, па дури и прв шешир во ждрепката.
Но постојат шансите и за прогрес во главната рунда на ЕП, а за тоа ни треба што поубедлива победа над Романија, но и што поубедлива победа на Данска над Португалија. Збирот на разликите на двете победи да биде поголем од 18, односно од 19 па нагоре…
Меѓусебни натпревари: МАКЕДОНИЈА – РОМАНИЈА
26.11.1997, Скопје, Македонија – Романија, квалификации за ЕП, 35-22
30.11.1997, Орадеа, Романија – Македонија, квалификации за ЕП, 32-25
10.06.2018, Скопје, Македонија – Романија, квалификации за СП, 32-24
13.06.2018, Клуж, Романија – Македонија, квалификации за СП, 26-25
17.03.2022, Скопје, Македонија – Романија, квалификации за СП, 30-22
19.03.2022, Букурешт, Романија – Македонија, квалификации за СП, 24-22
























