Историја за Валур – лани машкиот, а сезонава и женскиот тим слави европски трофеј!

По ремито на првиот натпревар во Шпанија, меѓу составите на Порињо и Валур, на реваншот во Рејкјавик, триумф запиша исландскиот тим и го реши прашањето на новиот освојувач на трофејот.

Валур славеше со 25-24, откако на полувремето водеше со три гола, 12-9 и само за еден погодок во вкупниот резултат успеа да го освои Европскиот Куп.

Порињо имаше плус три, 6-3 на стартот на мечот, но домаќинките набрзина ја преземаа контролата на теренот и во вториот дел стигна и до плус шест.

Шпанскиот претставник успеа да стопи голем дел од негативата, но немаше време за нешто повеќе на овој натпревари.

Валур стана првиот женски тим од Исланд што слави европски трофеј, а овој успех доаѓа една сезона откако машкиот тим го освои истиот трофеј, откако беше подобар од грчкиот Олимпијакос.