Историја за мак-ракометот: Десет клубови ќе играат во Европа!

Македонскиот ракомет ќе биде претставен дури со десет клуба што ќе бидат дел од различни натпреварувања под капата на ЕХФ. Шест машки и четири женски екипи ќе се борат за европски бодови во рејтинзите, што претставува најголем број учесници од Македонија досега.

Кај мажите, Еурофарм Пелистер ќе биде дел од Лигата на шампионите по третпат по ред, додека Вардар, како вицепрвак, има обезбедено директен пласман во групната фаза од Лигата на Европа.

„Сино-белите“ од Автокоманда, кои минатата сезона го освоија Европскиот Куп, добија вајлд-карта за настап во второто по ранг натпреварување, но пред нив е квалификациски филтер – ако успешно го минат, тимот предводен од Кире Лазаров ќе настапува во групната фаза.

Во Европскиот Куп, настап ќе имаат и Охрид и Тиквеш, кои ќе стартуваат од второто коло, додека Бутел Скопје, доби вајлд-карта и ќе го започне натпреварувањето уште од првото коло.

Кај дамите, шампионот Ѓорче Петров ќе го почне својот европски пат од третото коло на Европскиот Куп, додека Металург Автокоманда, Чаир и Куманово ќе влезат во битките од второто коло на истото натпреварување.

Ова историско учество на десет македонски клубови на европската сцена не само што е доказ за континуираниот развој на македонскиот ракомет, туку и сериозна можност за натпреварувачки раст, искуство и афирмација на клубовите на меѓународно ниво.

Вардарци во втор шешир – еве кои им се можни ривали!

Два мак-тима во Лигата на Европа, Вардар ќе игра директно во групите!

Еве ги можните ривали на Охрид, Ѓорче, Тиквеш, Чаир, Бутел…

„Лавиците“ скокаат едно коло, Металург Автокоманда носител, Чаир и Куманово во втор шешир

Охрид и Тиквеш стартуваат од второ коло, Бутел Скопје доби вајлд-карта за Европскиот Куп