Историја за ИХФ – Првото СП за пионери во Мароко, познати се групите

Првото издание на Светското првенство за пионери ќе се одржи во Казабланка, Мароко, во периодот од 24 октомври до 1 ноември, со 12 репрезентации на стартната линија.

Жрепката за групната фаза беше одржана денеска и беа формирани четири изедначени групи.

Натпреварувањето ќе започне со три групи по четири репрезентации, а победниците од секоја група, заедно со најдобриот второпласиран тим, ќе обезбедат пласман во полуфиналето.

Мароко, како домаќин, имаше право да избере група откако беа извлечени трите први репрезентации и реши да се приклучи во групата А, каде ќе се соочи со Египет, Бразил и САД.

Во групата Б, Шпанија ќе игра против Тунис, Кореја и Катар, додека во групата Ц ќе се натпреваруваат Германија, Аргентина, Иран и Порторико.

На првенството ќе бидат застапени пет континенти – Африка, Азија, Европа, Северна Америка и Карибите, како и Јужна и Средна Америка. Азија веќе го одржа првото континентално првенство за оваа категорија играчи до 16 години и преку неа место обезбедија Иран, Кореја и Катар, додека сите останати федерации без квалификации ги потврдија учесниците.

ЕХФ објави дека во иднина квалификациско првенство за Мундијалите за пионери и пионерки ќе биде Отвореното Европско првенство што се одржува секој јули во Шведска.