За тие што следат ракомет, селекцијата на Фарски Острови одамна не е изненадување, ниту сензација. „Овчарите“ ја совладаа големата Шведска со 27-26 и го освоија бронзениот медал на Мундијалот.
Прашање на време беше кога ќе го освојат првиот медал во било која конкуренција, а тоа се случи на СП за младинци во Полска.
По 19-19, клучната предност Митун и компанија ја направија во последните петнаесетина минути беше 24-19, и до крајот потоа само рутински ја задржаа разликата за конечен триумф против Швеѓаните, иако тие успеаја да намалат на минус еден.
Митун беше повторно лидер на теренот и успеа да постигне девет погодоци, а одличен на голот беше Александар Лачок, кој беше избран за МВП на натпреварот.
Фарски Острови стана најмалата држава што некогаш освоила медал на сите Мундијали во сите категории и конкуренции.