На Европското првенство кое се одржува во Германија меѓу дебитантите е репрезентацијата на Фарски Острови.
Малата островска земја, која има околу 50.000 жители, пласманот на континенталниот собир го обезбеди преку квалификации.
Фарски Острови во квалификациите беше во група со Австрија, Украина и Романија, го освои третото место и испиша историја.
Репрезентацијата на Фарски Острови ја предводат млади играчи на кои им се предвидува блескава кариера.
Како најголемите адути на Фарски Острови ќе бидат левиот бек Оли Митун, потоа десното крило Хакун Вест Ав Тејгум, како и средниот бек Елиас Елефсен а Скипаготу.
Првиот предизвик за Фарски Острови во дебитанскиот настап на големите натпреварувања ќе биде репрезентацијата на Словенија.
Распоред на натпревари:
11 јануари, 18:00, Словенија – Фарски Острови
13, јануари, 20:30, Фарски Острови – Норвешка
15 јануари, 18:00, Полска – Фарски Острови
ЕП 2024: Група Д – Норвешка главен фаворит, Фарски Острови бркаат сензација
Фарски Острови со еден ракометар од домашното првенство на ЕП