Историја во 2026 – првпат пет држави ќе бидат заеднички домаќини на ЕП!

За првпат во историјата на Европските првенства, женското ЕП 2026 ќе се игра во дури пет држави – Романија, Полска, Чешка, Словачка и Турција.

Шест градови домаќини ќе ги нагостат 24 селекции за две години. Тоа се романските градови Орадеа и Клуж, Братислава, Брно, Катовице и Анталија.

Во сите шест градови ќе се играат прелиминираните групи, додека домаќини на главната рунда ќе бидат Клуж и Катовице, додека во полскиот град ќе се игра и финалниот викенд.

Македонија ќе ги дознае ривалите во квалификациите за ЕП 2026 во март следната година, а ќе има само шест групи со по четири селекции.