Iceland vs Argentina , 29th IHF Men’s World Championship 2025, Zagreb, Croatia, 26.01.2025, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Исланѓаните се жалеа: Хрватите ни продаваа кока-кола за 60 евра, а за такси плаќавме и по 100 евра!

Денеска е слободен ден на Светското првенство 2025, а утре ќе стартува големата борба за пласман во полуфиналето.

Покрај Македонија, една од репрезентациите кои го заврши настапот на Мундијалот е Исланд, кој доживеа само еден пораз.

Ракометарите на Исланд имаа солидна поддршка во „Загреб Арена“ на сите натпревари од главната фаза.

Иако во островската земја платите се повисоки од европскиот просек, сепак, нивните навивачи се згрозени од тоа што го виделе во загребската арена.

,,Мојот сопруг за време на натпреварот со Аргентина од последното коло од главната фаза отиде на полувреме да купи кока-кола и келнерката му наплати дури 60 евра, но нејзин постар колега реагираше и му ја врати разликата во пари.Пред неколку дена, пријателите и јас тргнавме со такси од Арената до градот, а возачот сакаше да ни наплати 85 евра. Но, успеавме да ја спуштиме цената на 21 евро”, изјави Хердис Руцдотир за исландскиот портал mbl.is.