Исланд прв го потврди настапот на Мундијалот, денеска ќе се делат уште 10 ‘билети’

Селекцијата на Исланд е првата што го потврди своето место на Светското првенство 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка преку бараж дуелите.

Откако победија на првата средба дома со 50-25 против Естонија, исландските ракометари веќе го славеа местото на Мундијалот.

Вториот дуел на гостински терен беше само формалност, но и на овој натпревар избраниците на Снори Гудјонсон не препуштија ништо на случајноста.

Интересно ќе биде да се види дали фаворитите ќе можат да ги надоместат негативите од првите средби или некој од нивните ривали ќе оди на СП.

Висока негатива ќе бркаат Црна Гора и Холандија, додека Полска и Словенија имаат незгодни ривали и на гости ќе се обидат да ги совладаат Словачка, односно Швајцарија.

Австрија, Унгарија и Португалија со една нога се на СП, додека интересно ќе биде на дуелите меѓу Чешка – Романија, Србија – Шпанија, како и Македонија – Фарски Острови.

Бараж за СП 2025:

ЕСТОНИЈА – ИСЛАНД 24-37 (25-50)
16:00 АВСТРИЈА – ГРУЗИЈА (27-25)
16:00 ХОЛАНДИЈА – ГРЦИЈА (27-31)
16:00 ШВАЈЦАРИЈА – СЛОВЕНИЈА (27-26)
16:30 ЧЕШКА – РОМАНИЈА (30-31)
17:00 БИХ – ПОРТУГАЛИЈА (19-29)
17:00 СРБИЈА – ШПАНИЈА (28-32)
17:15 УНГАРИЈА – ЛИТВАНИЈА (33-26)
17:30 ЦРНА ГОРА – ИТАЛИЈА (26-32)
17:30 СЛОВАЧКА – ПОЛСКА (29-28)
19:00 МАКЕДОНИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ (27-34)