Исланд остана без важен адут за ЕП

Десниот бек Кристијан Ерн Кристјансон нема да настапи за репрезентацијата на Исланд на Европското првенство.

Членот на данскиот Архус се повреди уште од октомври, селекторот Снори Гудјонсон сметаше дека ќе се опорави навреме за ЕП, но тоа нема да биде случај.

Иако од исландската федерација не објавија детали околу повредата, сепак потврдија дека Кристјансон нема да игра на континенталниот собир.

Гудјонсон веројатно нема да повикува нов ракометар, па Исланѓаните продолжуваат со 17 ракометари на подготовките.

Исланд ќе игра пријателски против Словенија и Австрија или Франција, а на ЕП се најде во група со Унгарија, Италија и Полска.