Исланд и Германија си заминаа со злато од Скопје

Селекциите на Исланд во машка и Германија во женска конкуренција се закитија со златните медали на Европскиот младински олимписки фестивал во Скопје.

Исланд во интересно финале ја совлада Германија со 28-25, а мечот беше решен во самиот финиш.

Хрватска ја освои бронзата откако во битката за третото место ја совлада незгодната Унгарија со 37-31.

Кај дамите, Германија триумфираше против Швајцарија со 26-24 во битката за злато, додека бронзата ја освои Исланд по победата над Холандија со 31-26.