Новиот суперлигаш Бисинов од Велес работи на формирањето на играчкиот ростер за следната натпреварувачка сезона.
Искусниот голман Славјан Паунов ја продолжи верноста кон клубот, па така и во следната сезона ќе го брани голот на тимот што без пораз влезе во елитната конкуренција.
Паунов со своето големо суперлигашко искуство ќе биде еден од главните адути на Бисинов во дебитанската сезона во Супер лигата.
Бисинов ја продолжи соработката и со Филип Сиљанов, Илија Табаков, Никола Димитров, Александар Стојменов, Никола Манев и Антонио Митревски.
Претходно велешани го донесоа првото засилување и го вратија во своите редови десното крило Мартин Димов.