Репрезентацијата на Исланд, која вечерва против Куба ќе го заверува пласманот во главната фаза на Мундијалот во Данска, Норвешка и Хрватска, ќе добие екстра засилување.
Селекторот на Исланд, Снори Гудјонсон, ќе може да смета на Арон Палмарсон, кој одиграл ,,безброј натпревари” на големите натпреварувања и има богато искуство. Како што е познато, еден од најдобрите ракометари беше неизвесен за настап на Мундијалот поради повреда.
Сепак, лекарскиот тим на островската земја дал зелено светло за левиот бек, па така Палмарсон на денешниот натпревар, како и на соочувањето со Словенија, би требало да добие минутажа.
Исланд во првото коло немаше проблеми против Зеленортските Острови и славеше со 34:21. За разлика од групната фаза, избраниците на Гудјонсон во втората фаза ќе имаат тежок предизвик и би играле со Хрватска, Египет и Аргентина/Бахреин.