Тимот на Астибо откако се договори за останување на најдобриот стрелец Марија Анчева, работи на составувањето на другиот дел од ростерот за претстојната сезона.
Штипскиот тим ќе биде дел од Супер лигата, а веќе го реши голманското прашање и тренерот Дејан Величков ќе има три голманки на располагање.
Доаѓа искусната Кристина Младеновска Кузмановска, која досега го бранеше голот на Овче Поле Славјански Универзитет.
Покрај неа, Астибо ја донесе и младата голманка Хани Чобанова, која потекнува од школата на Металург, а во Штип остана и Ана Насева.
Астибо минатата сезона оствари историски пласман во плеј-офот на Женската лига, а годинава ќе игра во најсилната конкуренција.