Тимовите на Груде, Зрињски и Извиѓач се исклучени од ракометното првенство на Босна и Херцеговина во женска конкуренција.
Трите клубови не прифатија играње на одложените натпревари по поплавите во БиХ во работни денови, но од раководството на натпреварувањето немаа милост и веднаш ги исклучија од лигата.
Сите три клуба се практично хрватски, но играат во лигата на Босна и Херцеговина, а меѓу нив е најтрофејниот Груде, каде што настапува македонската интернационалка Симона Василева.
Најголем проблем за играње во текот на работната недела за ракометните клубови е тоа што не можат да сметаат на целиот играчки кадар, ако се знае дека повеќе од ракометарките работат или учат.
Клубовите ќе ги искористат сите расположиви средства за да ја заштитат нивната позиција и ќе ја бараат правдата на суд.


























