Им донесе сребро на СП и доби договор до 2028 година

Селекторот на женската репрезентација на Германија, Маркус Гаугиш, доби нов договор од тамошната федерација.

Тој ќе остане на кормилото на Германија најмаку до 2028 година, откако ја продолжи соработката по среброто на Мундијалот.

Германија која беше домаќин на СП, одигра одличен турнир и обезбеди пласман во финалето каде налета на моќната Норвешка.

Гаугиш и Германија се ривали на Македонија во квалификациите за пласман на Европското првенство 2026 година и ќе гостуваат во април во нашата држава.