Илинден Вардар на турнир во Босна со ПЕТ селекции

Развојот и напредокот на младите ракометари во голема мера зависи од играњето на различни турнири, против различни категории.

Токму затоа Илинден Вардар реши да им даде можност на своите ракометари да се испробаат на меѓународна сцена.

Скопскиот тим ќе учествува на меѓународниот ракометен турнир во Бјелина од 16 до 18 август, и тоа со пет различни категории.

* девојчиња 2006/2007
* девојчиња 2008/2009
* девојчиња 2012/2013/2014
* момчиња 2008/2009/2010/2011
* момчиња 2012/2013/2014