Тимот на Бисинов ја оствари oсмата победа во осмиот одигран натпревар во прволигашката конкуренција, откако на домашен терен беше подобар од Македонија Ѓорче Петров сo 38-25.
Одново капитенот Ивица Илиев беше најпрецизен на теренот, постигна десет гола во првиот и уште еден во вториот дел, па велешани рано ги обезбедија трите бода на овој натпревар.
Гостите одржуваа рамнотежа во првите петнаесетина минути до 6-5, а потоа како одминуваше времето, така домаќините ја преземаа контролата и полека ја градеа предноста која беше седум гола на паузата, 20-13.
Второто полувреме беше формалност, шанса за настап добија сите ракометари и немаше дилеми околу победникот.
Најдобри стрелци во победничкиот тим покрај Илиев со 11 гола, беа Филип Силјанов со шест и Александар Стојменов со пет погодоци, додека во составот на Македонија Ѓорче Петров се истакна Бојан Божиновска со осум гола.
Бисинов е прв на табелата во групата Б со 24 бода и сигурно место во плеј-офот, додека Македонија ЃП останува на делба на четвртото место со Кичево и ќе бара потврда во ТОП 8 на следните натпревари.