Романскиот гигант ЧСМ Букурешт назначи нов шеф на стручниот штаб по разделбата со Адријан Василе.
Клубот од главниот град на Романија реши довербата да му ја даде на Мариуш Нованц, кој досега работеше со јуниорскиот тим на клубот.
Досегашната асистентка на Василе, Јулија Куреа, ќе продолжи да биде дел од стручниот тим, но нема да може да ја преземе функцијата на прв тренер поради тоа што нема Мастер Коуч лиценца.
Сепак ЕХФ ќе направи исклучок и веројатно за гостувањето на ЧСМ Букурешт кај Сола овој викенд во Лигата на шампионите, Куреа ќе биде на клупата.
Раководството на ЧСМ Букурешт му поставило на Нованц амбициозна цел – пласман Ф4 на најелитното европско натпреварување. Во спротивно, како што наведуваат романските медиуми ќе добие отказ и клубот ќе се насочи кон ангажман на странски стратег кој би ја преземал екипата по завршувањето на сезоната.


























