Се одиграа осум меча од првото коло во Лигата на шампионите, а европскиот првак Ѓер немаше проблеми кај Борусија Дортмунд и оствари висок триумф.
Во „мечот на неделата“, Мец се враќа со бодови од гостувањето кај Есбјерг, иако беше во негатива, 21-18, сепак со одличната партија на голманката Бундсен во финишот успеа да слави важен триумф.
Унгарскиот Ференцварош претрпе неочекуван пораз на домашен терен, а Подравка на Ивица Обрван беше подобра од норвешката Сола.
Со голот на екс членката на ЧСМ Букурешт, Емили Арнцен, во последната секунда, данскиот Икаст го победи романскиот шампион со 28-27.
Лига на шампиони, 1 коло, резултати:
група А
Глорија Бистрица – Сторхамар 29-26
Есбјерг – Мец 29-30
Борусија Дортмунд – Ѓер 30-43
Будуќност – Дебрецин 24-25
група Б
Ференцварош – Оденсе 32-34
Брест Бретањ – Крим 32-20
Подравка – Сола 31-26
Икаст – ЧСМ Букурешт 28-27