Втора сезона по ред специјализираниот сајт за ракомет „24Ракомет“ го избира иделаниот тим на сезоната во женската лига, во гласањето во кое учествуваат читателите и редакцијата на 24Ракомет. Во 10-те категории забележани се 408.977 гласови, што е за повеќе од 80 отсто повеќе гласови во однос на ланската премиерна сезона на изборот.
Откако лани првпат ги избравме најдобрите ракометарки во сезоната според позициите на кои играа, и го прогласивме ALL – STAR тимот во Женската лига, ја продолживме традицијата и годинава.
Сакавме да им дадеме дополнителен мотив на оние што во текот на сезоната макотрпно тренираа, се бореа и напредуваа. На оние кои придонесоа нивниот тим да биде меѓу најдобрите, а тие се профилираат во алката кој е важна во нивниот тим.
Интересот за Женската лига расте, а доказ за тоа е што во 10-те категории за кои можеше да се гласа беа забележани 408.977 гласови, што е за повеќе од 80 отсто повеќе гласови во однос на ланската премиерна сезона на изборот.
По одиграни 26 натпревари, ако тимот на Ѓорче Петров доминираше и ја освои двојната круна, до последните кола беше неизвесно кој ќе биде вицепрвак, па поради подобар меѓусебен биланс тимот на Чаир го освои второто место.
Иако Ѓорче Петров ја освои двојната круна, во АLL – STAR тимот има само три нивни ракометарки, две се од вицепрвакот Чаир, и по една од ракометарка има од Вардар и од Металург Автокоманда, дебитантот во лигата.
Во однос на лани, три ракометарки повторно се најдоа меѓу најдобрите (Андреа Илиќ, Леонора Рахмани и Катерина Дамјановска). И тренерот Симе Симовски повторно е тренерот на сезоната.
Во изборот на ALL – STAR тимот на сезоната учествуваа читателите на 24Ракомет кои можеа да гласаат за една од предложените пет ракометарки, исто како и сите новинар на редакцијата на 24Ракомет.
По сумирањето на резултатите, ги прогласуваме најдобрите седум ракометарки, заедно со најдобриот дефанзивец, млад играч и тренер.
ALL – STAR тим на сезоната 2023/2024
ГОЛМАН – Андреа Илиќ (Вардар)
ЛЕВО КРИЛО – Бојана Диневска (Чаир)
ЛЕВ БЕК – Ангела Јанкуловска (Ѓорче Петров)
СРЕДЕН БЕК – Леонора Рахмани (Чаир)
ДЕСЕН БЕК – Ана Марија Коларовска (Ѓорче Петров)
ДЕСНО КРИЛО – Марија Гугуљанова (Металург Автокоманда)
ПИВОТ – Катерина Дамјановска (Ѓорче Петров)
ТРЕНЕР: Симе Симовски (Ѓорче Петров)
ДЕФАНЗИВЕЦ – Ангела Камческа (Деспина)
МЛАДА РАКОМЕТАРКА – Марија Јанкуловска (Ѓорче Петров)
Им честитаме на победниците.